Почетоците на digitalschool.mk датираат од 2015 кога ETF (European Training Foundation) во 7 земји од југоисточна Европа објави повик за предлог проекти поврзани со професионалниот развој на наставниците во средните стручни училишта. Координаторите на овој проект учествуваа на повикот со предлог проектот.
Подобрување на професионалните компетенции на наставниците и постигањата на учениците во стручните училишта преку воспоставување на нов концепт за дигитално учење и поучување (концепт E-училиште).

ФАЗА 1

Во првата фаза од проектот беа опфатени 3 пилот училиште – СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, и СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево.
Беше креирана онлајн платформата digitalschool.mk и во текот на март 2016 во рамките на четиридневна обука во Крушево, 15 наставници и стручни соработници од трите училишта беа обучувани од страна на мастер обучувачите Влатко Бутлески и Гоце Неделкоски.


Целта на проектот е наставниците во склоп на својот професионален развој да научат нови технологии и вештини кои потоа ќе ги употребат во наставата со цел подобрување на постигањата на учениците.
Во вториот дел од првата фаза на проектот, во јуни 2016 тие наставници извршија дисеминација на наученото кај останатите свои колеги во нивните училишта. Беа опфатени уште 100 наставници кои научија како да користат нови дигитални техники во наставата.


Во третиот дел од првата фаза, со почетокот учебната година, обучените наставници почнаа да го спроведуваат наученото и да ги користат дигиталните технологии во наставата, а со тоа да го унапредуваат својот професионален развој и да им овозможуваат на своите ученици на полесен и поинтересен начин да го совладуваат наставниот материјал.
Како дел од проектот е овој web сајтот каде наставниците поставуваат свои материјали, наставни содржини, а учениците можат да ги користат, да соработуваат, да решаваат тестови и др.
Во Октомври 2016 училиштата беа посетени од Проект координаторот од ETF – Г-дин Julian Stanley. Тој разговараше со наставниците вклучени во проектот, како и со учениците за нивните искуства.


Во Ноември 2016 за успешно реализираниот проект, на учесниците во правата фаза им беа доделен сертификати.


ФАЗА 2
Во втората фаза од проектот опфатени се уште нови 8 училишта од цела југозападна Македонија. Тоа се СОУ Крсте Петков Мисирков од Демир Хисар, СОУ Орде Чопела од Прилеп, СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу од Прилеп, СОУ Таки Даскало од Битола, СОЕУ Јане Сандански од Битола, СОУ Цар Самоил од Ресен, ОЕМУЦ Св. Наум Охридски од Охрид и СОСУ Св. Кирил и Методиј од Охрид.
Во текот на Март 2017, по двајца наставници од секое училиште беа обучени на мастер обуката која се одржа во СОУ Таки Даскало во Битола.


Во текот на Јуни 2017 се одржа дисеминацијата во 8-те училишта каде се обучени нови 140 наставници.
Поради зголемениот број на корисници, digitalschool.mk премина на нов сервер и се креирани посебни портали за секое училиште од проектот.

© 2015-2017 Здружение на граѓани "Жетва на знаење"" - web admin: Влатко Бутлески - Гоце Неделкоски - контакт: contact[at]digitalschool.mk